Новинар премногу го фалел кралот, па тој го отпуштил

Сподели со своите пријатели

Саудиското владетелско семејство секогаш е изложено на безбројни комплименти и „подлижувања“ од своите поданици и домашни медиуми, но еден новинар претерал во полтронството, па добил отказ. Оваа приказна може да биде поучна и за дел од македонските новинари, кога би имале и нешто подобри политичари.

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ел Сауд наредил суспензија на колумнистот во саудискиот медиум „Ал Џазира“ поради, како што се наведува претераниот ентузијазам, кога пишува за својот владетел.

Колумнистот Рамадан ел Анзи отишол предалеку во фалењето, тој направил голем пропуст кога кралот Сауд го поистоветил со Бог.

Земји во кои атеизмот се казнува со смрт

Loading...

Тоа во муслиманските земји не е пожелно, особено ако се земе предвид дека оние кои стриктна интерпретација на исламот, а службената идеологија на Саудиска Арабија е вехабизам, не одобруваат концепт на монархија во која сета власт ја има едно семејство, како семејството Сауд.

Анзи веднаш бил отпуштен, а уредништвото на медиумот во меѓувреме објавил јавно извинување поради неговите „неприкладни коментари“, пренесуваат светските агенции.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.