Нови возила и опрема за пожарникарите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Преку проектот, „Заштита и превенција од пожари во микрорегионот, општина Куманово, Липково, Старо Нагоричане Ранковце“ противпожарните единици од Куманово и Ранковце ќе добијат три возила за гасење шумски пожари, опрема за пожарникарите и делумна санација на објектот каде е сместена кумановската противпожарна единица, соопштија денеска од Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Loading...

Средствата за проектот се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и од Швајцарска Агенција за развој и соработка преку инвестицискиот проект со дигитална компонента од грантовата шема „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ втора фаза.

Од трите проекти понудени на форуми на заедници на североисточниот регион, овој проект е избран од комисијата за проекти од Министерството за локална самоуправа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

– Вкупно за проектот се одобрени 21 милион, 644 илјади денари, од кои Министерството обезбедува 11 милиони 942 илјади, а СДЦ учествува со 9 милиони, 702 илјади денари, изјави директорот на центарот за развој на североисточниот плански регион, Младен Протиќ.

Покрај трите возила за гасење шумски пожари од кои две се за Куманово, едно за Ранковце, 60-тината вработени во противпожарните единици ќе добијат соодветна заштитна опрема (шлемови, ракавици, маски, одела) и друга опрема (црева, млазници, грбни пумпи) за гасење пожар. Во објектот каде е сместена противпожарната единица ќе се сменат гаражните врати, прозорци и ќе се воспостави нов систем за греење за да не мрзне водата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

– Во рамки на проектот ќе се изработи и апликација преку која граѓаните ќе можат навремено да пријават шумски пожар со точна локација, координати и ќе може навремено да се интервенира и да се спаси шумата, изјави Протиќ.

Центарот за развој на североисточниот плански регион ги почнува тендерските постапки за набавката.

МИА

Loading...