Нови три милијарди долари воена помош од САД за Украина

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави денеска треба да објават нов пакет воена помош за Украина од околу три милијарди долари, јавуваат агенциите повикувајќи се на неименувани официјални лица.

Loading...

Тоа би бил најголемиот поединечен пакет американска безбедносна помош за Украина од почетокот на рускиот напад пред шест месеци, а објавувањето на новата помош ќе се совпадне со прославата на Денот на независноста на Украина, пренесува Танјуг.

Пакетот ќе биде финансиран со средства од Иницијативата за безбедносна помош на Украина, која беше усвоена од Конгресот за да и се овозможи на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден да набавува оружје од индустрискиот сектор, а не од постоечките американски залихи, пренесува Гласот на Америка.

За разлика од повеќето претходни пакети за воена помош, целта на новиот е главно да ѝ помогне на Украина да ги зајакне своите среднорочни и долгорочни одбранбени капацитети, пренесува АП, повикувајќи се на неименувани официјални лица запознаени со ова прашање.

Со наменските средства ќе се финансираат договори за беспилотни летала, оружје и друга опрема што не може да се користи во борбите уште една или две години.

Ројтерс пренесува дека фокусот на новата помош ќе биде муницијата и среднорочните цели како што се одбранбените системи.

Од 2 февруари Вашингтон додели 10 милијарди и 600 милиони долари воена помош за Киев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...