Нови простории и опрема за физикална терапија во кумановскиот дом за стари лица

Сподели со своите пријатели

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово пренамени и опреми просторија за физиотерапија, соопштија денеска надлежните од установата.

Loading...

Корисниците на услугите веќе ја користат опремата под надзор на физиотерапевт и здравствен персонал.

– За оваа просторија и опремата обезбедивме 1, 1 милион денари. Наскоро планираме да распишеме тендер за амбулантата во установата, изјави директорот Дејан Стојановски.

За оваа реконструкција, предвидени се 557.000 денари. Надлежните соопштија дека е набавена комплетна опрема за физиотерапија (масажери, душеци, лента за трчање, степер, медицински кревети медицинска), за што се обезбедени 575.000 денари.

 

 

-Имплементацијата на проектите значително ќе ги подобри условите за престој во домот, смета Стојановски, особено новата физиотерапија и новата амбуланта која ќе биде комплетно опремена. Со нив, ќе се обезбеди зголемена ефикасност и ефективност во извршувањето на услугите за корисниците во Домот, вели тој.

Loading...

Установата согласно протоколите врши прием на нови корисници согласно добиените Covid 19 протоколи од јуни 2020 година редовно функционира и врши прием на нови корисници. Месечниот износ за престој е 11.800,00 денари.

Leave a Reply