Нови препораки од Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово

Сподели со своите пријатели

Денеска се одржа шестиот состанок на Општински штаб за заштита и спасување во Куманово, кој беше во потесен состав, во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Loading...

Во согласност на препораките од Влада на Република Северна Македонија и Министерство за здравство, на состанокот беа донесени следните препораки и заклучоци:

–              Се порепорачува на вршителите на јавен градски превоз да ги редуцираат своите возни линии, на начин на кој ќе може непречено да функционираат и да ги извршуваат своите работни обврски во сменско работење, сите корисници на јавниот градски превоз;

–              Се препорачува на сите вршители на јавниот превоз на територија на Општина  Куманово, вклучувајќи ги и такси превозниците, при вршење на својата дејност да носат заштитна опрема;

–              Повторен апел до граѓаните да не се собираат во група од пет лица пред маркети, на бензински станици, пред продавници за производство на храна и сл. на цела територија на Општина Куманово и да ги почитуваат препораките од Влада на Република Северна Македонија и Министерство за здравство;

–              Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство и Влада на Република Северна Македонија, а повеќе информации во врска со вирусот можат да се најдат на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство на Република Северна Македонија:  http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/ .

Општинскиот штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.

Интегрално соопштение: Општина Куманово

Loading...

Leave a Reply