Нови напади врз Украина: Зеленски објави вознемирувачка снимка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Утрово Русија изврши уште еден масовен напад врз Украина.

Loading...

Нападите на критичната инфраструктура во Одеса и Днепар ги потврдија претседателската администрација и регионалните лидери.

Володимир Зеленски објави и вознемирувачко видео од ракетен напад во Днепар, со порака:

„Еве уште една потврда од Днепар дека терористите сакаат мир. Утро е. Мирен град и луѓе кои сакаат да живеат нормално, одат на работа. Ракетен напад! Терористичката држава всушност сака да им донесе на Украинците само повеќе болка и страдање“.

 

 

Во нападот на Днепар, според градоначалникот Борис Филатов, се ранети три лица, меѓу кои и еден тинејџер.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку руски војници загинале од почетокот на војната во Украина?

Регионалната управа на Днепар, пак, соопшти дека се ранети пет лица.

Во Киев и Днепар, системите за противвоздушна одбрана работат на соборување на дојдовните проектили, велат властите.

Неофицијални канали известуваат за употреба на противвоздушна одбрана во неколку други градови низ Украина.

Како што изгледа, ова е уште еден напад насочен кон енергетската инфраструктура на Украина.

Шефот на украинската претседателска администрација, Андриј Јермак, рече:

„Непријателот мисли дека ќе ја ослаби нашата одбрана со овие напади и дека „ќе ни заби нож во грб“. Одиме напред. Не ги игнорирајте сирените за воздушен напад. Ќе ги скршиме“.

Од почетокот на октомври Русија ги гаѓа украинските енергетски објекти со серија масовни напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вагнер се враќа од Африка за напад на Харков

Претходно овој месец, Зеленски откри дека околу 40 отсто од енергетската инфраструктура на земјата е уништена.

Loading...

На 15 ноември Русите истрелаа околу 100 проектили кон Украина. Иако речиси три четвртини беа запрени од системите за воздушна одбрана на Украина, енергетските капацитети во речиси секој регион беа цел на напад, соопшти државната енергетска компанија на земјата Укренерго.

„Укренерго“ сѐ уште не даде повеќе детали за штетите, но ја опиша ситуацијата како најлоша досега.

Во северните и јужните региони на Украина, беа спроведени итни прекини на електричната енергија во обид да се стабилизира мрежата.

Во своето синоќешно обраќање Зеленски рече: „Ако ја преживееме зимата, и ќе ја преживееме, Украина сигурно ќе ја добие оваа војна“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри помош за Украина и Израел

Шефот на регионот на Миколаев, Виталиј Ким изјави дека во Миколаев во моментов летаат беспилотни летала испорачани од Иран.

Исто така, украинскиот премиер Денис Шмихал рече дека во новите руски ракетни напади во четвртокот биле погодени фабрика за гас и ракетна фабрика:

„Ракетите летаат над Киев во моментов. Тие сега ги бомбардираат гасните постројки во Днепар и ракетата Јужмаш фабрика.”

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...