08.01.2019 13:30

Нови цени на горивата од ноќеска на полноќ


Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,17, односно за 5,51 отсто.

loading...

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 2,5 денари за литар и новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 60,5 денари за литар.

Дизел горивата поевтинуваат за три денари за литар. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е 55, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 43,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за  за 2,227 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 25,949 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за  9,38 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,274 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот. 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments