Новата суперлуксузна јахта чини 200 милиони фунти, а на море е целосно невидлива (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Невидливата“ суперјахта „Мираж“ наскоро би можела да се најде на отворено море, а тоа го потврдиле и произведувачите кои неодамна го откриле проектт на основа на кој ќе биде изградена.

 

Loading...

 

Моќното пловило, на кое патниците имаат впечаток дека „лебдат во облак“, ќе биде долго 106 метри и ќе чини околу 200 милиони фунти.

Јахтата од 4.200 тони од надвор ќе биде целосно прекриена со посебни огледала, така да за непосакувани набљудувачи кои ќе се најдат на одалеченост поголема од 50 метри ќе биде целосно невидлива.

 

 

Секако, сите пловила кои ќе се најдат во близина на оваа моќна суперјахта, преку радаски систем ќе знаат дека е во близина, така да ќе имаат доволно време за маневрирање.

 

Loading...

 

Од друга страна и радарскиот систем на оваа „невидлива“ јахта, на време ќе го предупреди капетанот на присуство на помали пловила, така да на време ќе може да реагира.

 

 

„Мираж“ е дизајнирана за сите клиенти со длабок џеб кои сакаат да уживаат на отворено море и притоа својата приватност во целост да ја задржат за себе. Со тоа, јахтата ќе има и хелиодром, спа центар, кино и театар на отворено.

Со 29 членови на екипажот, ќе може да патуваат 14 патници.

 

 

Несекојдневниот дизајн кој на патницит еќе им пружи можност да „исчезнат на хоризонтот“ го смислила италијанска фирма за изградба на бродот „Финцантиери“ и данската дизајнерска компанија „Ван Гест Дизајнс“.

Главниот инжинер, Питер ван Гист, рекол дека му требале година дена за да го заврши дизајнот, при што најголем дел од времето го потрошил на истражување на рефлектирачкото стакло и начинот на кој може да се произведе.

 

Loading...

 

– Стаклото со кое ќе биде обложена јахтата го произведува една германска компанија, а досега никогаш не било користено на пловила, истакнува дизајнерот.

 

 

Ван Гист не сакал да зборува за цената, но ексертите проценуваат дека ќе изнесува околу 200 милиони фунти, што оваа јахта ќе ја смести на листата 10 најскапи пловила.

Leave a Reply