Новата година во средниот век ја прославувале кој кога сака

Сподели со своите пријатели

Прославата на Новата година на 1 јануари е релативно нов феномен. Првата некогаш забележана се одиграла во месопотамија, во древниот Вавилон, некаде околу 2.000 години пред новата ера и тоа во средината на март, во пролетна рамноденица, но во ралзичните култури на тој простор користени се и различни датуми.

Loading...

Така на пример, Египќаните, Феничаните и Персијанците, Новата година ја прославувале на денот на есенската рамноденица, додека Старите Грци тоа го правеле на зимска краткоденица.

Стариот римнски календар одредил дека 1-ви март е почетокот на новата година, но имало само 10 месеци, што се рефлектира и во имињата на месецот кои и денес ги користиме. Од тука и деветиот месец е септември што во слободен превод значи „седмичок“, десеттиот месец октомври – осмичок, единаесеттиот месец ноември – деветичок, а декемри – десетичок.

Прв пат Старите Римјани, Новата година ја прославувале на 1-ви јануари 153 година пред новата ера. До поместувањето дошло поради тоа што тоа бил и почеток на новиот раководствен циклус, односно тогаш започнувал мандатот на два новозибрани конзули за таа календарска година.

Меѓутоа, некои обични луѓе и натаму го користеле 1-ви март, па сенатот дури во 45-та година пред новата ера го фиксирал 1-ви јануар. Ако се прашате зошто тогаш, тоа е затоа што тоа била годиан коа јулијанскиот календар (наречен од страна на Гај Јулиј Цезар) стапил на сила.

Средниот век донел нов хаос и постоела голема разлика измеѓу она што власта го земала административно како почеток на Новата годинаи она што луѓето го прославувале.

Имено, доцна Римското царство и Византија која на истокот го наследила го користеле 1-ви септември како ден на новата пореска година (индикт), но обичниот свет и на истокот и на западот на Европа лутал и новогодишната прослава ја организирал кој кога сакал: на Божиќ, 1-ви март, 25-ти март, на Велгиден…

1-ви јануари повторно станува официјален почеток на граѓанската и литургиска Нова година дури во 1582 година кога папата Гргур XIII го заменил јулијанскиот календар со својот кој го нарекол грегоријански.

Loading...

Тоа е оној календар кој и ние денес секојдневно го користиме, освен нашите и уште неколку други православни цркви кои за литургиските потреби и натаму го користат оној кој го нарачал и прокламирал Цезар.

Меѓутоа, таа Гргурова прокламација важила тогаш само во римокатоличките земји, додека на протестантите и православците долго им требало да ги прифатат за цивилни потреби.

Британците се до 1752 година го користеле јулијанскиот календар и Новата година обично ја прославувале во март.

Поголемиот дел од светот денес го користи грегоријанскиот календар па така најголем дел од луѓето Новата година ја прославуваат истовремено.

Секако постојат и исклуќоци. Муслиманите користат лунарен календар па според нив почетокот на Новата година во однос на нас постојано се менува (првиот ден од месечината на Мухарем), додека Кинезите кои користат лунисоларен календар – Новата година ја прославуваат на втората полна месечина по зимската краткоденица, ретко кога на третиот. Евреите исто така имаат покретен датум за Новата година („Рош Хашан“), затоа што и тие користат лунисоларен календар, но кај нив во прашање се првиот ден од месечината на Тишреј.

Leave a Reply