Новаја Газета: Русин со аутизам и шизофренија бил повикан на воена служба

Сподели со своите пријатели

Воениот комесаријат во Москва му доставил известување за мобилизација на Георги Голоколенко, 21-годишен инвалид, изјави негов роднина за ТВ каналот Дожд.

Loading...

Човекот и официјално е прогласен за неспособна личност во последните две години.

Му била дијагностицирана шизофренија и пореметување од аутистичниот спектар, пишува Новаја Газета.

Во 2020 година, неговата мајка поднела барање за законско старателство над него поради неговиот инвалидитет.

Судот пресудил дека Голоколенко не може да ја „разбере природата и важноста на граѓанската постапка“ ниту да ги остварува своите права и одговорности самостојно.

Според неговите блиски, младиот човек не може да зборува ниту да се грижи за себе. Никогаш не одел на училиште, ниту служел војска.

Лекарското уверение покажува дека уште како дете бил препознаен како инвалид.

Не е првпат да се регрутира лице со одредени потешкотии или здравствени проблеми.

Loading...

Претходно, канцеларијата за регрутирање во Сахалин, Русија, регрутирала 40-годишен маж на кој му бил дијагностициран дијабетес тип 1 и повреда на ‘рбетниот мозок.

Водачите на Владимирскиот регион, Јакутија, Севастопол и Бурјатија пријавија бројни прекршувања за време на спроведувањето на делумната мобилизација.

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, претходно изјави дека регионалната влада ја повлекла поканата за 70 жители, откако добила поплаки од локалните жители.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.