Нова сообраќајна сигнализација на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Започна поставувањето нова вертикална и хоризонтална сигнализација долж магистралата Куманово – Крива Паланка се до граничниот премин Деве Баир при што се поставуваат знаци и столчиња – насочници, информираат од секцијата на Јавното претпријатие за државни патишта од Крива Паланка.

Ова е зафат кој се прави по подолг временски период, во кој освен интервентно на одредени локации не беше обновена патната сигнализација. Таа се поставува на делниците од Куманово до Крива Паланка и од село Узем до граничниот премин Деве Баир, со вкупна должина од 74 километри, изјави Игор Тодоровски, раководител на секцијата на Јавното претпријатие „Државни патишт“, Крива Паланка.

На делот од овој патен правец, на потегот од мотелот „Македонија“ т.е. излезот од градот до село Узем, како што нагласи Тодоровски, планирана е реконстукција.

Патот во овој дел е во лоша состојба, за што ЈП ДП изготвува проект за обнова. Ние сме задолжени за одржување на делницата од село Ругинци до Деве Баир. Поради конфигурацијата на теренот често се јавуваат поситни и поголеми одрони, особено во овој период, рана пролет или во доцна есен, но нашите екипи навремено ги расчистуваат, додаде Тодоровски.

Секцијата од Крива Паланка, како што рече, до 31 март е во прв степен подготвеност, која во зависност од временските услови може да биде продолжена, согласно препораките од ЈП ДП.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.