Нова рунда разговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Сподели со своите пријатели

Следната рунда преговори меѓу руската и украинската делегација ќе се одржи во вторник во Истанбул, соопшти турското претседателство.

Loading...

Портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин изјави за Си-Ен-Ен дека разговорите ќе се одржат во вторник.

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

Од кабинетот на турскиот претседател претходно беше соопштено дека Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се договориле следната рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина да се организира во Истанбул, но не беше прецизирано кога.

Главниот руски преговарач Владимир Медински претходно изјави дека страните се договориле да се сретнат и најави дека тоа ќе се случи во вторник и среда.

 

Loading...

Осомничениот за убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов, сега задолжен за уништување на Мариупол

 

Меѓутоа, украинскиот пратеник и член на преговарачкиот тим Давид Арахамија претходно на Фејсбук изјави дека следната рунда разговори лице в лице меѓу Украина и Русија ќе се одржи во Турција од понеделник до среда, пишува Укринформ.