Нов Зеланд се соочува со морски топлотен бран

Сподели со своите пријатели

Водите околу Јужниот остров на Нов Зеланд се шест степени потопли од вообичаено поради климатските промени, временскиот феномен Ла Ниња и областите со висок воздушен притисок, велат научниците.

Loading...

Океанографот Жоао де Соуза изјави дека температурата на водата моментално е четири степени потопла од просечната и дека овие температури ќе имаат значителни последици за екосистемот кој бил изграден и прилагоден на постудените вода, пренесува Ројтерс.

Де Соуза изјави дека нивното истражување покажало дека се зголемуваат температурите на површинските води, но и оние на длабочина од 100 метри, што значи дека топлотниот бран ги погодува и видовите кои живеат во подлабоките води.

„Морските видови кои не можат да ја променат локацијата ќе бидат повеќе погодени од оваа температура“, рече Де Соуза, кој очекува температурите на морето да останат над нормалата до април.

Нов Зеланд минатата година доживеа бројни морски топлотни бранови, а претходниот во Фјордленд резултираше со белење на морските сунѓери.