Нов Зеланд: Новиот закон го ограничува пристапот и употребата на оружје

Сподели со своите пријатели

Нов Зеланд во средата го забрани пристапот и употребата на огнено оружје од страна на луѓе вклучени во злосторства, со цел да се намали стапката на криминал.

Loading...

Полицискиот министер Крис Хипкинс рече дека наредбите за забрана на огнено оружје ќе ја подобрат јавната безбедност со запирање на пристапот до огнено оружје или ограничено оружје на луѓе чие однесување и постапки претставуваат висок ризик од насилство.

„Наредбите им даваат овластување на судиите да забранат пристап или употреба на оружје на секој кој е осуден за злосторства со огнено оружје и други специфични злосторства, вклучително и убиства и сериозни злосторства на насилство. Овие наредби ќе и помогнат на полицијата дополнително да го намали насилството поврзано со оружје и да ги направи нашите заедници побезбедни“. рече Хипкинс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јамајка ја призна државата Палестина

Според новиот закон, судиите сега ќе имаат овластување да издаваат десетгодишни забрани, чие прекршување е исто така кривично дело.

Секој што ќе ја прекрши ваквата судска наредба ќе се соочи со казна затвор од две до седум години.