Нов Зеланд го повлекува законот за забрана на цигари

Сподели со своите пријатели

Нов Зеланд денеска ќе го повлече законот со кој за првпат во светот се забранува продажба на тутун за идните генерации, објави владата на земјата.

Loading...

Законот требаше да стапи на сила во јули, а тој вклучуваше забрана за продажба на тутун за оние родени по 1 јануари 2009 година, намалување на содржината на никотин во тутунските производи и бројот на продавници за тутун за повеќе од 90 проценти.

Новата коалициска влада избрана во октомври потврди дека законот ќе биде повлечен денеска по вонредна процедура, пренесува Ројтерс.

Помошниот министер за здравство Кејси Костело рече дека коалициската влада е посветена на намалување на пушењето, но презема поинаков регулаторен пристап за да ја обесхрабри навиката за користење тутунски производи и да ја намали штетата што ја предизвикува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е Бернард Арно? Најбогатиот човек во светот и крал на луксузна империја!

Костело рече дека наскоро ќе воведе пакет мерки во кабинетот со кои ќе се зголеми расположливото финансирање за да им се помогне на луѓето да се откажат од цигарите, додавајќи дека регулативите за „вејпување“ исто така ќе станат построги за да ги одвратат младите да почнат со оваа навика.

Одлуката на владата беше критикувана поради последиците по здравјето на Маорите и потомците на жителите на Пацифичките острови, чие население има повисока стапка на пушење.

Истражувачот од Универзитетот во Отаго Џенет Хоек рече дека укинувањето на забраната за тутун ќе ги зачува здравствените нееднаквости меѓу Новозеланѓаните.

Таа посочи и дека истражувањата покажале дека овој закон би имал влијание врз намалувањето на потрошувачката на тутун.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е Бернард Арно? Најбогатиот човек во светот и крал на луксузна империја!