Нов случај на криумчарење четворица мигранти од Мароко

Сподели со своите пријатели

Регионалниот центар за ГР Југ поднесе кривична пријава против А.А. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 22 декември во 07.50 часот од страна на полициски службеници на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на клучката кај Неготино при обид за запирање на патничко возило „Рено Еспејс“, истото не застанало на дадениот знак и продолжило со движењето, по што  полициските службеници се упатиле по него и кај надвозникот пред Градско, пријавениот застанал и се дал во бегство, по што бил приведен.

При прегледот на возилото се пронајдени четворица државјани на Мароко кои за сума од 600 евра требало да ги пренесе на границата со Р. Србија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.