Нов распоред за прием на странки во општинскиот сектор за урбанизам

Сподели со своите пријатели

Како што информира општина Куманово на официјалната веб страна, од 1 септември, приемот со странки во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина и природата – Одделение за урбанизам ќе се врши по нов распоред.

Loading...

Имено, сите заинтересирани странки, ќе може да се обратат до секторот во текот на целата недела, односно, во понеделник, среда и петок, приемот ќе се врши од осум до 11 часот, додека во вторник и четврток, од осум до 16 часот.