Нов откриен случај на криумчарење на 20 мигранти кај Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден, поточно во  14.50 часот во близина на с.Смоквица – гевгелиско,  на паркинг на бензинска пумпа, при вршење редовна контрола полициски службеници откриле кривично дело “криумчарење на мигранти”.

Во товарно моторно возило марка „МАН” со скопски регистарски ознаки биле пронајдени 20 илегални мигранти.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС- Гевгелија и инспектор од ОПКМСР Гевгелија.

По добиените инструкции од ОЈО, тројца мигранти се задржани  и ќе бидат пренесени  во Прифатен центар-Скопје, а останатите 17 се пренесени во ПТЦ – Гевгелија за понатамошна постапка.

Возилото со записник е предадено на инспекторот од ОПКМСР Гевгелија и е сместено во ПС за ГП и ГН Богородица.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.