Нов филм на Анџелина Џоли и Бред Пит (видео)

Сподели со своите пријатели

Овој брачен пар во 2005 година направи вистински бум со заедничката улога во акционата комедија „Mr. and Mrs. Smith“.

Loading...

Но, оваа година од нив не очекува нешто сосема поинакво. Станува збор за романтичен филм кој својата премиера ќе ја доживее на 13ти ноември оваа година.

Филмот се вика „By the sea“ и дејствието на иститот е сместено некаде во седумдесетите години од минатиот век во Франција, кога Ванеса, поранешна танчерка и нејзиниот сопруг Роланд, американски автор, ќе тргнат на заедничко патување. Тогаш ќе се задржат во едно приморско градче каде ќе почнат да се запознаваат со енергичните жители на истото, како што се лоцални чувари на кафеа и барови и сопственици на хотел.

Режијата, сценариото, текстот и продукцијата се на Анџелина Џоли, а снимањето започна во мај годинава.

Додека ја чекаме промоцијата на филмот погледнете го првиот официјален трејлер.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.