Сте изгубиле ориентација за времето? Добро би се вклопиле на малиот норвешки остров.
Северниот остров Сомареи разгледува дали воопшто има уште потреба за часовници. Ос оглед на тоа дека се наоѓа во Поларниот круг, островот добива многу полноќно сонце, па затоа на многумина концетпт на ден и ноќ им е само како конструкт. Моментално, во летните месеци кога на островот Сонцето не заоѓа скоро 70 дена, Сомареи започнува кампања службено да биде признаен како прва безвременска зона на земјата, рекол Кјел Ове Хвединг од иницијативата.
Божја убавина сокриена во пејсажите на Норвешка (8К резолуција)
Надвор секако се уште е ден и нема потреба да знаеме колку е точно часот. Ако сакате да живеете северно од Норвешка, нема смисла да разговарате за вечера или било кое друго време. Не учат навечер да одиме дома и да гледаме телевизија во 21 часот. За тоа воопшто не размислуваме. Но, зошто би вечерале во 5, а не во 10? Зошто неби играле фудбал во полноќ, порачал Хвединг.
Сомареи („Летен остров“) се наоѓа во близина на градот Тромсоа на крајниот север на Норвешка. За околу 350 жители на островот, Сонцето не заоѓа од 18 мај до 26 јули, рекол Хвединг.
Норвешка добива робот поштар (ВИДЕО)
Затоа децата се играат надовр и среде ноќ, а сопствениците на домовите можат да ги бојадисаат ѕидовите ноќе. Поради полноќното сонце часовниците ни се непотребни, додава тој.
Хвединг признава дека ова е луда идеја, но локалното население серизоно го сфатило.
– Се повеќе и повеќе расправаме за тоа дека часовниците ни одземаат многу повеќе време отколку што ни го даваат, рекол тој.
Во Норвешка отворен првиот подводен ресторан во Европа (ВИДЕО)
Како што паровите заклучуваат катанци на огради на мостови и го фрлаат клучот, жителтие на Сомареи сакаат да ги закачат своите часовници на мост.
Меѓутоа, идејата е се поблиску до остварување. Потпишана е петиција, а пред неколку дена Хведин ја преставил на член на парламентот. Но, дали владата во Осло ќе прифати ќе покаже времето.
Image by Monoar Rahman Rony from Pixabay