16.08.2018 12:31

Норвешка добива робот поштар (ВИДЕО)


Норвешкиот град Конгсберг го добива првио робот-поштар.

Тој ќе доставува писма и пакети за жителите, а донесен е пред три дена од САД.

Порталот „Норвешка денес“ истакнува дека се работи за прв робот од тој тип во земјата.

Ако се биде по планот, роботот – поштар би можел да ги замени поштенските сандачиња на есен.

Божја убавина сокриена во пејсажите на Норвешка (8К резолуција)

Според планот на „Норвешката пошта“ роботот ќе се движи од поштенското складиште во обиколка, и тоа самостојно. жителите електронски ќе бидат известени кога роботот ќе биде во нивното соседство.

Така ќе можат да излезат и да соберат пошта во време и локација на која тоа им одговара.

Партнерот на „Норвешка пошта“ во овој проект е „Бади мобилити“, калифорниска фирма која ја води норвешки претприемач.

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments