Норвешка ја затвора границата за автомобили регистрирани во Русија

Сподели со своите пријатели

Норвешките власти денеска соопштија дека, со ретки исклучоци, на 2 октомври на полноќ ќе ја затворат границата за возилата регистрирани во Русија, што е дополнително заострување на мерките против неа поради војната во Украина.

Loading...

Забраната се однесува само на возила со помалку од девет седишта и предвидува некои исклучоци како што се хуманитарни итни случаи.

Исклучок важи и за автомобили на дипломати и возила на државјани на ЕУ кои живеат во Русија.

Норвешка и Русија делат 198 километри копнена граница на далечниот север, како и граничниот премин Сторског-Борис Глеб кој, во рамките на Европската економска област (Европска унија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн), е последниот премин отворен за Русите со туристички визи.

„Норвешка стои со своите сојузници како одговор на бруталната агресивна војна што Русија ја води во Украина“, изјави норвешката министерка за надворешни работи Аникен Хуитфелд.

Таа додаде дека е важно санкциите да бидат ефективни за да се нарушат приходите што и се потребни на руската држава за финансирање на војната.

Норвешка не е членка на ЕУ, но ги прифати речиси сите санкции наметнати од Брисел од нападот на Русија врз Украина на 24 февруари 2022 година.

Во согласност со препораките на Европската комисија, некои земји од ЕУ кои граничат со Русија веќе ја затворија границата за возила регистрирани во Русија: Финска, Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

Loading...

Москва таа мерка ја оцени како апсурдна.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.