Норвешка истражува прелет на неидентификуван дрон врз фабрика за гас

Сподели со своите пријатели

Норвешката полиција денеска спроведе истрага поради прелет на неидентификуван дрон и прекршување на безбедносните протоколи, што е забележано над фабриката за преработка на гас Карсто на југозападот на земјата, дознаваат локалните медиуми.

Loading...

Норвешките воени единици се стационирани во централата Карсто, како и во други големи капацитети за преработка на енергија, бидејќи властите ја зајакнаа безбедноста по протекувањето на гасоводите „Северен тек 1“ и 2 минатиот месец, пренесува Ројтерс.

Полицијата вчера ги проверила и телефонските закани упатени до гасната централа Нихамна, која заедно со Карст е меѓу најголемите европски компании за преработка и трговија со енергетски производи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер се обидува да изгради „прагматични“ односи со Кина

Локалната полиција не беше веднаш достапна за коментар за новинарите на Ројтерс.

Норвешка сега е најголемиот европски снабдувач на гас по наглото намалување на снабдувањето на тој енергенс од Русија, пренесува британската агенција, пренесува Танјуг.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.