Норвешка испраќа тенкови Леопард 2 во Украина

Сподели со своите пријатели

Норвешка доцна синоќа потврди дека ќе испрати тенкови Леопард 2 во Украина, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Министерот за одбрана Бјорн Арилд Грам рече дека ќе испрати тенкови, но не го прецизираше бројот.

Норвешките медиуми јавуваат дека Норвешка размислува да испрати осум од 36-те тенкови Леопард што ги има.

Во меѓувреме во Украина медиумите јавуваат дека во текот на ноќта над Киев биле соборени 15 дронови, соопштија воените власти од градот.

Украинската армија додаде дека Русите извршиле неуспешен напад со беспилотни летала врз главниот град на Украина ноќта од среда кон четврток.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.