Норвешка ѝ враќа воени хеликоптери на Франција: Вратете ни 523 милиони долари

Loading...
Сподели со своите пријатели

Норвешка ќе ги врати воените хеликоптери NH90, кои ги нарачала од француската NH Industries, бидејќи тие се или несигурни или доцна се испорачани, изјавија во петокот министерот за одбрана и командантот на армијата.

Владата, исто така, рече дека ќе бара враќање на 523 милиони долари, плус камати и други трошоци од NH Industries, која е во сопственост на Airbus Helicopters, италијанската Leonard и Fokker Aerostructures од Холандија.

„Без разлика колку часови работат нашите техничари и колку делови ќе нарачаме, тоа никогаш нема да му овозможи на NH90 да ги исполни барањата на норвешките вооружени сили“, рече министерот за одбрана Бјорн Арилд Грам на прес-конференција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се шири нереална снимка од редок феномен: Небото се затемни, а капачите останаа во чудо (ВИДЕО)

Договорот за 14 хеликоптери беше потпишан во 2001 година, но Норвешка доби само осум, соопшти Министерството.

„Имаме хеликоптер кој не работи правилно“, изјави генералот Еирик Кристоферсен, командант на норвешките вооружени сили.