Ноќта помеѓу петок и сабота ќе се врши дезинсекција во општина Липково

Сподели со своите пријатели

Центарот за Јавно здравје ги информира граѓаните на Липково дека ноќта помеѓу петок и сабота /7 – 8 август/ сè до исполнување на задачата, ќе се врши втора фаза на терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Липково.

Loading...

Се молат граѓаните кои одгледуваат пчели да ги превземат потребните заштитни мерки, односно затворање на кутиите со доволно вода за пиење на пчелите и непуштање 3-4 часа по третирањето на даденото подрачје.