Ноќен судир: Русија лансираше 17 дронови, Украина собори 15

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта Русија лансираше 17 дронови во обид да нападне региони во северна, централна и западна Украина, а украинската противвоздушна одбрана собори 15 беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство.

Loading...

Во соопштението се наведува дека Русија лансирала беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство.

Не е јасно што се случило со двата беспилотни летала кои не биле соборени, пренесува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.