Николовски објави документи за кои тврди дека се дел од голем скандал (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Љупчо Николовски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешниот одржан прес објави документи со кои наводно се обелоденува скандал во министерството, сторен од страна на Илија Србиновски, поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ и актуелен  Раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,во Битола.

 

[huge_it_gallery id=”244″]

 

Семејството Србиновски според Николовски,  буквално го има „освоено“ министерството.

Таткото Илија заедно со синот и снаата се вработени во оваа институција, а  сопругата Слободанка, која е сопственик на фирмата  ИЗ „ДЕСИЛ“  добива 45 хектари државна земјоделска земја под концесија. Случајот на Илија Србиновски е класичен пример на злоупотреба на државните институции во партиски цели пред избори. Ете како Никола Груевски ги наградува своите први јуришници: преку вработување, високи субвенции и државна земјоделска  земја под концесија, за да може преку нив да ги уценува земјоделците. Досега овие функционери не се гонеа кога прекршуваат закони, не сносат последици за судир на интереси, ниту кривично одговараат за сторените дела. А докази има: Еве го договорот кој е еклатантен пример за кршење на Законот за земјоделско земјиште,  според кој, не смее да се врши размена  на државна  земјоделска земја со меѓусебна, непосредна спогодба меѓу двајца закупци, како во овој случај – ЗИК Пелагонија и фирмата на сопругата на Србиновски, ДЕСИЛ, се договориле туку – така да си разменат 10 хектари земја?! Случајот е дополнително спорен со тоа што овие 10 ха, (покажува документ) претходно на барање на Србиновски како раководител на подрачната единица во Битола, ЗИК Пелагонија ги враќа на државата како неплодни, за пасишта на жителите на село Гнеотино.

Но, наместо жителите да го напасуваат добитокот, површините ги зема фирмата на сопругата на Србиновски. Така во записникот за воведување во владение, на лева страна е потпишан сопругот Илија Србиновски, како претседател на комисија, а на другата страна сопругата Слободанка Србиновска, како корисник.(покажува документ), што по ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА, член 22 е класичен пример на судир на интереси. Дрскоста на раководителот на Подрачната единица на МЗШВ во Битола, Илија Србиновски само ја покажува моќта која му ја даваат надредените, наместо да го санкционираат. Последните поплави во Пелагониско, Србиновски ги има искористено за злоупотреба на буџетските средства наменети за исплата на штети. Според проценката на комисијата на општина Новаци, проценетата штета за исплата на фирмата на сопругата на Србиновски е 1 .118.000 денари, изјави Николовски.

Loading...

Но, скандалозното е што  според записникот од инспекторите на терен, овие површини се поплавени намерно, поради рушење на заштитен насип на каналот од страна на Србиновски. обвини Николовски на денешниот прес.