НИКОЈ НЕМА ОБЈАСНУВАЊЕ: Бил мртов 21 минута, па оживеал на патот кон мртовечницата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Еден поштад од Англија „оживеал“ 21 минута откако лекарите го прогласиле за мртов и наречен е „чудо“ бидејќис е вратил во живот додека го возеле кон мртовечницата.

Loading...

Жао Арожо (48) бил зад воланот и ја возел сопргата кога му се слошило и паднал. По шест часа обиди да го вратат во живот, лекарите на семејството му соопштиле дека тој починал.

Медицинските сестри го возеле од интензивна нега во мртовечницата кога забележале дека се помера. Го вратиле на одделението каде било констатирано дека тој е жив.

https://youtu.be/HRjMVbXGnuc

Тим лекари рекол дека не постои точно објаснување за она што му се случило и како можел да се врати на работа по само три недели. Во неговиот картон стои дека му се случил „спонтан повраток на циркулацијата“, а Жао на Одделението за срцеви болести во болницата Глостер го добил прекарот „човекот чудо“.

– Тоа ме промени. Секој ден многу повеќе ги ценам работите. Секој ден. Благодарен сум што сум жив, велам благодарам што имам работа. Повеќе ги ценам семејството и пријателите. Кога бев во болница, немаа објаснување за мојот случај па започнаа да ме викаат „човекот чудо“, вели тој и додава дека лекарите не можат да веруваат дека е жив без никакво оштетување на срцето или мозокот.

Leave a Reply