„Никогаш не сум бил добар во сексот и се плашам дека мојата девојка ќе ме остави поради тоа“

Сподели со своите пријатели

– Уморен сум никогаш не можам да издржам долго во кревет. Имам 31 година и страдам од предвремена ејакулација откако ја добив првата девојка на 18 години. Моите партнери отсекогаш имале разбирање, но тоа не го прави овој проблем помалку срамен – напишал еден маж за The Sun.

Loading...

 

 

Неодамна се разведе, па реши да се приклучи на апликација за запознавање. Запознал прекрасна жена и неколку пати излегувале, но не сака нивната врска да ја подигне на повисоко ниво. Се плаши да размислува за секс бидејќи знае дека ќе трае само неколку секунди и дека девојката ќе го остави поради тоа.

– Ова е една од најчестите грижи за кои ми пишуваат мажите, а воедно е и една од најлесните за поправка. Постојат голем број техники за самопомош што можете да ги научите за да спречите ова да стане проблем. Исто така, споделувањето на вашите стравови со сексуалните партнери ќе ви помогне да се чувствувате поопуштено – одговорила Дејдре.