Во емисијата „Мојот живот со 300 килограми“, која се емитува на програмата на TLC, Ники Вебстер открила како изгледа животот на една жена која има 272 килограми.
Мојата тежина ме убива. Не можам сама да се туширам. Имам само 33 години, а целото тело ме боли. Го мразам тоа. Знам дека самата си го направив ова. Храната е зависност која ме убива – вели Ники.
Прв пат пред камера застанала пред година дена и од тогаш до денес води битка со килограмите.
Нејзината состојба била толку сериозна што морала да оди на операција, но за да воопшто преживее морала да ослабне 22 килограми претходно. Некогаш по сопствено признание денот го почнувала така што јадела.
Loading...
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.