НИ СЛЕДУВА ПЕКОЛНА ИДНИНА: Глобалното затоплување ги надминува предвидувањата

Сподели со своите пријатели

Глобалното затоплување до 2100 година за 15 отсто ќе ги надмина предвидувањата, а температурат аќе порасне двојно од критичната граница.

До 2100 година за 15 отсто ќе се надминат најлошите предвидувања на експертите на Обединетите нации, а температурата до тогаш ќе порасне за четири степени целзиусови, што е многу над границата од два степени, која како критична ја поставија меѓународните експерти за глобално затоплување.

Како ќе изгледаат луѓето ако продолжи глобалното затоплување? (фото)

Loading...

Патрик Браун и Кен Калдеира, климатолози од Институтот Карнеги на калифорнискиот универзитет Станфорд, пресметалое дека глобалното затоплување ќе биде многу посилно, а резултатите од истражувањето сеобјавени во магазинот „Nature“.

Брзината на глобалното затоплување е потценета, поради што ќе биде многу тешко да се исполнат целите што во 2015 година ги поставиле 200 земји на состанокот во Париз.

Настојувањата на владите се преслаби

– Резултатите од нашето истражување упатуваат на тоа дека стабилизирањето на глобалната температура бара поригорозно намалување на емисијата на стаклени гасови за разлика од претходно пресметаното, предупредуваат експертите.

Глобалното загревање го уништува поларниот свет

Обединетите нации известија дека сегашните настојувања на владите да ги ограничат емисиите на стаклените гасови е преслаба и дека постигнатите цели од Парискиот договор од 2015 година не дале посакуван ефект.

Под едно од попесимистичните сценарија, според кое емисијата на штетните гасови и натаму ќе расте до 2100 година, температурата би можела да порасне за 4,8 степени целзиусови, во однос на 4,3 степени колку е предвидено од експертите на ООН во 2014 година.

Екстремни бури, пожари, топлотни удари…

Глобалното затоплување најавува пекол на земјата

Не постои начин како да се спречи глобалното затоплување. Се што досега се случуваше длабокот е вкоренето во климатскиот состав. Не можеме емисијата на штетни гасови да ја запреме веќе утре, но мораме да ги успориме климатските промени доволно за да бидеме сигуни дека можеме подобро и побезболно да им се прилагодиме, сметаат експертите.

Од 2070 година може да се очекуваат бројни екстремни бури, пожари и неподносливи топлотни удари.

До 2100 година Земјата ќе биде помеѓу малку потопло и многу потопло за разлика од денес, а разликата помеѓу тоа ќе се брои во милиони стапсени животи.