Глобалното затоплување најавува пекол на земјата

Сподели со своите пријатели

Рекордните температури забележани оваа година во земјата од Мароко до Саудиска Арабија би можеле да бидат само најава на вистинскиот „пекол на Земјата“ кој допрва доаѓа, предупредуваат експертите за климатологија.

Како што пишува „Вашингтон пост“, во децениите кои доаѓаат Блискиот исток ќе биде погоден од екстремни недостатоци од вода и температури кои не би можеле да бидат подносливи за живот.

Ако тоа се случи, конфликтите и бегалските кризи ќе бидат многу потешки од оние на кои сме сведоци денес – вели високиот советник на ОН за арапските земји, Абдел Абделатиф, кој со години ги проучувал климатските промени на Блискиот исток.

Доколку температурите пдоролжат да растат, ќе следуваат далеку поголеми конфликти и бегалски кризи во однос на оние кои денес ги имаме.

Во Обеднитетите Арапски Емирати и Ирак оваа лето се забележани рекордни топлотни индекси (величина која е пресематана на основа на температурата на воздухот и неговата релативна влажност), додека во околината биле утврдени досега невидени температури.

Во Џеда и Саудиска Арабија измерени биле 52 степени целзиусови, во Басра, Ирак 54 степени, колку и во Митрибаху, Кувајт.

Тие мерења ги потврдила и Светската метеоролошка организација, со што официјално се срушени рекордите во источната хемисфера.

До 2090 година во Персискиот залив ќе биде претопло за живот

Локалните влади веќе сега прогласиле задолжителни службени празници поради топотата. И покрај тоа, бројните вработени заминуваат на работа затоа што единствено таму имаат клима уреди. Во текот на денот улиците на главните градови се целосно празни, а поради топлотата населението со часови нема струја.

Во магазинот „Nature Climate Change“ неодамна е бојавено дека Персискиот залив би можел до крајот на веокт да остане целосно пуст затоа што симулациита на компјутерите откриле дека дневните температури би можеле да се искачат и до 77 степени целзиусови.

Обединетите нации предвидуваат дека вкупниот број на населението во 22 арапски земји до 2050 година би можел да порасне на дури 600 милиони, што додатно ќе ја отежне и онака премногу тешка ситуација.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.