Невремето остави без електрична енергија неколку улици и села во кумановско

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, поради дефект на електричната мрежа, без електрична енергија се улиците 11 Ноември, зградата на кумановската Касарна, зградата на Авто мото сојуз, дел од улиците во нас. Карпош, потоа селата Слупчане, Оризари, Алешевце, Руиница и Извор во општина Липково како и селото Дељадровце кое се наоѓа на автопатот Куманово – Скопје.

Loading...

Дефектот во мрежата најверојатно се случил поради големото невреме што го зафати регионот на Куманово и кумановско.

Во извештајот на РЦУК нема податоци кога и дали дефектот е отклонет.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.