Невидена снежна бура го погоди јужниот дел на САД

Сподели со своите пријатели

Снежна бура го погоди јужниот дел на Соединетите Американски Држави, носејќи рекордни врнежи од дожд и мраз, а на некои места се забележани највисоките снежни врнежи во последните децении, објави ABC News.

Loading...

Вчера 20 американски држави, од Тексас до Делавер, беа под предупредување за снег и мраз, а бурата продолжува да се шири кон југ.

Вонредна состојба е прогласена во Алабама, Арканзас, Џорџија, Тенеси и Тексас за да им се помогне на тие држави да се подготват и адекватно да одговорат на тешките временски услови.

Во некои области паднаа повеќе од 30 сантиметри снег.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Крвав напад во Тел Авив: Четворица повредени, напаѓачот убиен на лице место

На делови од Арканзас паднале 35 сантиметри снег, додека во градот Литл Рок 18 сантиметри, најмногу во последните четири години.

Оклахома и Тексас наврнаа 30 сантиметри снег, а во Оклахома Сити снежната маса достигна девет сантиметри, што е нов рекорд.

Во градот Амарило, Тексас, паднаа 24 сантиметри снег – најмногу во последните десет години.

Мисисипи забележа 18 сантиметри снег, а Алабама 15.

Loading...

Во Мемфис паднаа околу 18 сантиметри снег, што е рекорд во последните 40 години, објавија медиумите.

Атланта досега забележа пет сантиметри снег, најмногу во последните седум години, а неколку заедници северно од Атланта забележаа и до 12 сантиметри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полјаците во САД гласаа за Трамп и сега се плашат од депортација

Невремето остави десетици илјади корисници без струја низ југоисточниот дел на САД.

Од вчера попладне, повеќе од 3.000 летови беа откажани на национално ниво, а најголем број беа во Атланта, Шарлот, Далас и Нешвил.

Поради невремето вчера беа затворени и училиштата во Атланта и Мемфис.