Фотографот од Њујорк, Ноа Калина го започнал проектот на 11 јануари 2000 година, од кога правел едно селфи секој ден.
По повод дваесетгодишнината од проектот, кој го нарече „секојдневно“, тој ги монтираше автопортретите и направи видео за осум минути.
– Кога за прв пат видов дигитална камера во 1998 година, знаев дека морам да ја имам. Бев свесен дека станува збор за уникатно средство за создавање уметност. Едноставноста и можноста да фотографирам неограничен број фотографии е нешто неверојатно за мене – изјави Ноа Калина за германскиот весник Стерн.
Видеото собра повеќе од 600.000 прегледи на Јутјуб во текот на неколку дена и предизвика безброј коментари на социјалните медиуми.
– Огромно мнозинство реакции се позитивни. Мислам дека видеото им овозможува на луѓето да се справат со сопствената смртност и колку брзо трае животот. Знам дека многумина се инспирирани да ја започнат својата верзија на проектот. Мислам дека е прекрасно – вели Ноа Калина.
Најновото видео е третата верзија.
Првиот клип на Ное беше објавен по шест години, а следната ажурирана верзија следеше дванаесет и пол години подоцна.
– Не планирам да го спречам ова и ќе го правам до последниот ден од мојот живот – вели тој за Стерн.