Неверојатни работи кои ќе му се случат на вашето тело, ако дневно одите по 30 минути

Сподели со своите пријатели

Физичката активност е исто толку важна како дишењето и храната, клуч е за добро здравје и квалитетен живот, а дали има нешто полесно од одењето?

Loading...

Одењето е најдобар начин за согорување на мастите

Подобар мозок, подобар ум

Одењето го крева нивото на ендорфин, хормонот на среќата во мозокот и во организмот и го намалува стресот. Има добар ефект врз здравјето на мозокот и исто така може да ги намали потенцијалните ризици од развој на Алцхајмерова болест и деменција.

Го подобрува видот

Дали знаевте дека одењето може да го подобри видот. Како? Го намалува проблемот со очниот притисок и глаукомот.

Пет навики кои влијаат штетно на мозокот

Го зајакнува срцето

Loading...

Одењето е здраво како и трчањето, потврдено е од Американската организација за здравје на срцето. Го намалува ризикот од срцев удар и други кардиоваскуларни заболувања, ја подобрува циркулацијата, го намалува холестеролот и го стабилизира крвниот притисок.

Поголеми бели дробови

Одењето им овозможува на нашите бели дробови да „пумпаат“ повеќе кислород во нашите тела.

Еден час домашни обврски го намалува ризикот од прерана смрт

Покрај расчистување на токсините, одењето може да влијае на здравјето на белите дробови и е добра превенција за заболувања на белите дробови.

Image by Free-Photos from Pixabay

Поздрав панкреас

Loading...

Одржува здраво ниво на шеќер во крвта, а кога ќе се спореди со трчање, е подобар избор за спречување на дијабетес, покажаа студиите.

Луѓето кои шетаат шест пати неделно имаат подобар шеќер од оние што трчаат исто толку пати неделно.

Ова се најсилните болки кои човекот може да ги доживее

Добро варење

Кога одиме и нашето дебело црево се движи. Овие движења ја нормализираат неговата функција воопшто, намалувајќи го ризикот од рак и дигестивни проблеми како што се запек и подуеност.

Посилни мускули

Мускулите стануваат впечатливи и видливи кога губиме телесна маст – што не е тешко да се постигне ако правиме 10.000 чекори секој ден. Оваа активност трае половина час. Исто така, се препорачува да биде побрза прошетката.

Не е грев да се испотите, но не мора да шетате така што ќе го изгубите здивот.

Loading...

Кaко треба да се движите за да ослабете

Контрола: Ако одиме брзо, но сепак можеме да зборуваме, брзината е добра. Покрај тоа, за нашето тело е лесно да оди, така што воспалението на мускулите е невообичаено и не е потребен посебен период на опоравување.

Помалку болка во грбот

Потешките начини на вежбање можат лошо да влијаат врз грбот, особено ако веќе имаме проблеми со нив. Но, лесната вежба како одење има спротивен ефект – тоа ќе ја намали болката во грбот.

Ја подобрува циркулацијата во ‘рбетот, ја подобрува флексибилноста и правилното држење на телото – одењето е лек за болка во грбот.

Зошто е добро да одиме боси?

Loading...

Ги зајакнува зглобовите и коските

30 минути пешачење на ден ја намалува болката во зглобовите и коските, велат од Американската фондација за артритис. Резултатот се поцврсти зглобови, спречување на повреди и губење на коскената маса.

Балансиран ум

Одењето може да го подобри вашето расположение. Редовната физичка активност, како што е одењето се покажа дека го намалува стресот, вознемиреноста и депресијата.

Leave a Reply