Кaко треба да се движите за да ослабете

Сподели со своите пријатели

Ако одењето е вашиот омилен начин да го раздвижувате вашето тело, ќе се израдувате кога ќе дознаете дека постои начин да ја направите вашата прошетка уште поефикасна.

Ново истражување спроведено на Универзитетот во Охајо, САД покажува дека промената на темпото и видот на чекорот за време на одење помагаат за согорување на до 20% повеќе калории отколку одењето со беспрекорно темпо, пишува realsimple.com.

Loading...

Истражувањето е објавено во септември 2015 година во списанието Biology Letters.

Истражувачите веруваат дека преку промена во темпото и линијата на одењето се троши помеѓу 4 и 8% повеќе енергија. Уште подобри резултати се постигнуваат при алтернација на запирањето, заминувањето и убрзување на курсот.

Промената на брзината на одењето е еквивалентна на притискање на педалата за гас во автомобилите. Ова се должи на фактот дека се бара повеќе напор на нозете да се придвижи побрзо тежината на телото, сметаат научниците.

Со промена на темпото ќе ги размрдате метаболичките процеси и ќе го забрзате согорувањето на масти. Тестовите кои научниците ги спровеле, биле едноставни. Група учесници едноставно требало да изминат одредена далечина со промена во темпото.

При нагли промени на темпото уредите известуваат за зголемување на потрошувачката на енергија и согорување на калории.

Научниците препорачуваат уште одење со некаков товар на грб, на пример ранец. Така вежбата е уште поефикасна. При пошетката со различно темпо, менувајте права со крива линија – што ќе ви текне! Само избегнувајте го монотоноото одење со рамномерна брзина и ќе го забележите ефектот!