Неверојатни глетки од градот кој моментално живее на -40 степени (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Времето во нашите краеви во првите денови од 2021 година повеќе потсетува на пролет, но има места што живеат вистински зимски услови.

Loading...

Новосибирск е град каде моменталната температура е -40.

 

По Москва и Санкт Петербург, тој е трет по големина град во Русија, а ваквите температури не се невообичаени за главниот град на Сибир.

Еден добар дел од светот не може ни да замисли како изгледа животот во овие услови – кога трепките се замрзнуваат, зимата ги шара прозорците, водата веднаш се претвора во мраз…

 

 

Loading...


Новинарот Алек Лун, кој во моментов престојува таму, сподели фотографија на која замрзнатите тестенини и пркосат на логиката заледени во воздухот, а покрај нив има јајце кое замрзнало дури и пред да стигне до чинијата.

Таа фотографија во моментов е хит-разгледница од Новосибирск и поттикна многумина со фотографиите да им покажат на останатите како всушност изгледа зимата во тој град.

 

Leave a Reply