Неверојатна глетка: На астронаутите им испаднала чанта со алат, се гледа од Земјата

Сподели со своите пријатели

Торба со алат изгубена од астронаутите на НАСА Јасмин Могбели и Лорал О’Хара може да се види како лебди во вселената дури и со двоглед.

Loading...

Астронаутите биле на нивната прва вселенска прошетка надвор од Меѓународната вселенска станица кога нивната торба со алат одлетала.

Могбели и О’Хара ја изгубиле торбата додека ја поправале Меѓународната светска станица (ISS) во вселената на 1 ноември, објави Гардијан.

„За време на поправката е изгубена една торба со алат. Торбата е забележана со помош на надворешни камери, но бидејќи е оценето дека не претставува ризик за станицата, најверојатно ќе остане да „плови“ во вселената и ќе се ротира околу Земјата заедно со станицата“, изјавија од НАСА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце

 

 

Белата блескава кеса веќе ја забележале астрономите од различни делови на Земјата, бидејќи може да се види дури и со двоглед.

Loading...

Јапонскиот астронаут Сатоши Фурукава ја забележал торбата минатата недела додека летала над планината Фуџи.

Објектот ќе остане во орбитата на Земјата неколку месеци, а потоа ќе изгори по повторното влегување во атмосферата.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што се случи кога Индија го забрани ТикТок?

Ова не е првпат некој предмет да се изгуби во вселената, па дури ни првата изгубена торба со алат.

Во 2008 година, астронаутот Хајденмари Стефаниш Пајп гледала како нејзината чанта исчезнува додека се обидувала да поправи оштетен дел од ISS.

Губењето на таа торба ги принуди контролорите на мисијата да ги променат плановите за преостанатите вселенски прошетки планирани за време на мисијата Ендевор.

Loading...