Несовесни граѓани спроти Гимназијата фрлаат градежен шут во контејнери за смет

Сподели со своите пријатели

По пријава на група граѓани кои живеат спроти кумановската Гимназија ”Гоце Делчев”, и тесното сокаче на ул. Доско Молер, за расфрлан смет околу големиот контејнер поставен во близина на улицата, стапивме во контакт со директорот на ЈП Чистота и зеленило, Сашо Петрушевски, од каде добивме одговор дека за време на викендот, несовесни граѓани, фрлале градежен шут што предизвикало големи проблеми иститот да се изнесе.

Loading...

Според Петрушевски, за време на викендот, во големиот контејнер поставен на самата улица, несовесни граѓани го напуниле контејнерот за смет со градежен шут, што по доаѓање на камионот за подигање на контејнерите, било утврдено дека контејнерот е претежок и не може да биде исчистен. Според кажувањата на вработените, контејнерот скоро да бил тежол еден тон.

– Ние како јавно претпријатие, сметот го собираме секој ден, а понекогаш и два пати на ден, согласно потребите. Но, за конкретната пријава од граѓани дека сметот се расфрла насекаде околу контејнерот кој е всушност приколица од камион, не сме виновни ние, туку околните жители, затоа што, градежниот шут и негово изнесување треба да биде одложено на депонија, но, заради намалување на трошоци, најлесно  е да се исфрли во контејнер за смет, вели Петрушевски.

Преполенетиот контејнер со градежен шут бил кренат со посебна дигалка, а за несовесното однесување на граѓани, ЈП Чистота и зеленило не презема одговорност со оглед дека таквото однесување подложи на законски санкции од страна на комуналната инспекција, а не на јавно претпријатие задолжено за чиста средина.

Од јавното претпријатие апелираат, освен смет, ништо друго да не се фрла во контејнерите, и да престане несовесната граѓанска навика, се` што дома е непотребно, да биде оставано до самите контејнери, кои граѓаните за свои потреби, ги туркаат насред улица, така загрозувајќи ја безбедноста во сообраќајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.