НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Излегла во дворот, а таму ја чекал алигатор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жителка на Пенсилванија, Трејси Хофекер, пронашла алигатор во својот двор во предградие на Филаделфија.

Трејси во недела излегла во дворот и многу се изненадила кога во задниот дел здогледала алигатор долг скоро еден метар.

Таа, како што се наведува, веднаш го повикала својот роднина пожарникар кој алигаторот безбедно го отстранил од дворот со помош на мрежа.

Човек со дете во раце скоро половина час висел над базен со алигатори (ВИДЕО)

Loading...

Организацијата за заштита и спасување на рептили бргу пристигнала и го однела животното, а Мет Шнајдер пред ова организација рекол дека алигаторот ќе биде сместен во аквариум.

Властите наведуваат дека алигаторот најверојатно бил нечиј миленик кој противзаконски бил оставен во таа област.

Според законот во Пенсилванија, алигаторите можат да се држат како домашни миленици, но забрането е да се пуштаат на слобода доколку веќе некој го поседува.

Leave a Reply