07.12.2015 01:40

Не би сакале да имате близок контакт со овие животни (фото)


Колку само работи можеме да научиме од нашите далечни и блиски роднини од животинското царство?

На пример, денес ќе ви пренесеме информации за тоа кои предатори на светот единствено убиваат од разонода, а не се ни близу толку супериорни како што на прв поглед изгледаат. Додека ние мора да произведеме оружје за да пукаме, животните имаат оружје од раѓање.

loading...

Аран од Комода

Популарно наречен „змај од Комода“, индонезискиот џиновски гуштер со латински назив Varano comodoensis, со своите роднини алигатори и крокодили е последниот остаток од некогашното лралство на диносаурусите. Може да достигне должина и до три метри, а тежок е околу 70 килограми и една е од најопасните животни во светот.

Жртвата обично ја загризува за нога затоа што е низок, а потоа откако жртвата ќе се вкочани, неговиот ручек е подготвен. До неодамна се верувало дека бактериите од плунката се одговорни за тоа, но се покажало дека во усната шуплина има жлезди кои лачат отров. Половина час откако ќе ја загризе жртвата започнува одумирање на ткивото, масивно крварење и страшни болки, појава на гангрена и потоа ќе станете вкусен оброк.

Морска змиулка

Paklarina-usta-670x502

Се работи за видот со латински назив Petromyzon marinus, која е толку моќна што и ајкулата би можела да ја убие. Има кружни уста и е наоружана со многу редови шилести заби, кои ги прилепува за телото на жртвата. Невозможно е да се спесит еод неа, затоа што дури и јазикот и е назабен. Природата така ги наместила забите да ова животно може да ја одере кожата на жртвата и да го исцица целиот крв. Плен на овој воден вампир обично се многу поголеми риби од неа, кои едноставно не можат да се ослободат од нејзините заби.

Кениски бомбардер

Tvrdokrilac-iz-roda-Stenaptinus-670x478

loading...

Следниот пат кога ќе убиете досаден комарец, сетете се дека постојат и многу полоши инсекти од него. На пример, овој афрички тврдокрилец од родот Stenaptinus користи за хемиско оружје во прав кое по потреба го расфрла околу себе.

Волтер Вајт на животинското царсатво, во случај некој да му се запани, не бега туку непријатилите ги прска со киселина која понекогаш може да достигне и 100 степени целзиусови. Неа ја ствараат две анални жлезди од кои секоја чали водород пероксиг и хидрохинон кој потоа преминува во „складиште“ каде се меша со вода и ензими кои служат како фитиљ. Во прашање е нагризувачка течност кој убива други инсекти, а за жалење е оној човек кој ќе го погоди во око.

Црната кобра

Crnovrata-kobra-pljuvacica-koja-snajperski-precizno-pljuje-otrov-u-oci-zrtve-670x1003

Naja nigricolis живее во Африка и неверојатно е хиперактивна. Кога некој ќе и се приближи таа заканувачки ја издигнува главата и дел од трупот, наострувајќи ги мембраните од двете страни на главата за да изгледа што пострашно, а доколку непријателот не сака да крене раце од неа започнува да плука. Не е тоа она што кај човекот е некултура, туку тоа е отровен проектил.

Отровот не троши како што ние ја трошиме нашата плунка. Таа нишани во очите и погодува без промашување. Внимателно го следи погледот на жрвата, а моментот пред да го исфрли отровот, силно ја тресе главата за да процени каде ќе бидат очите на жртвата 200 милискеунди подоцна. Последиците кај човекот е привремено слепило, додека кај останатите суштества – трајно.

Амазонска електрична јагула

Amazonska-elektricna-jegulja-koja-proizvodi-struju-ciji-napon-dostize-500-volti-670x502

Замислете да пловит епо Амазон и во желбата за авантура скокнете во најдолгата река во светот. Секунда подоцна ќе почувствувате струен удар и ќе продолжите да пловите понатаму, но мртви.

Исто така изгледа средбата со Electrophorus electricus чии посебни органи на страничните делови прават електично поле чиј напон достигнува и 500 волти, доволно да активира фен за сушење коса.

loading...

Џиновска тарантула

Dzinovska-tarantula-koja-ispaljuje-zilion-otrovnih-tananih-dlacica-na-zrtvu-670x893

Доколку се наоѓате во Венецуела или одлучите некогаш да патувате таму, не треба само да отворате четири очи кога се работи за дилерите, туку и за Theraphosa blondi.

Оваа животинка има 30 сантиметри во обем и тешка е околу 100 грама, страшна на прв, втор и на сите други погледи.

Доколку премногу и се доближите ќе ве касне, а доколку сте храбри и ја набљудувате од далеку на вас може да испали зилион тенки влакненца, кои откако ќе ви влезат под кожа ќе започнат да пуштаат надразлива супстанца која останатите животни ги убива, а луѓето за среќа само ќе им предизвика чешање. Освен ако не ги вдишете, што практично е неизбежно имајќи во предвид дека влакната имаат големина како зрцна прашина. Во тој случај ќе ви предизвика алерига, страшни болки во синусите, а можеби и ќе се загушите поради проблеми со дишењето.

loading...

И не постојат шанси оваа тарантула да остане без своите стрели – ги има по 10 илјади на квадратен милиметар.

Австралиска медуза

Australijska-meduza-koja-u-sebi-ima-dovoljno-otrova-da-ubije-60-ljudi-670x849

Chironex flecke е една од јаопасните суштества на целата земја. Ја нарекуваат и морска оса, а допирот со нејзините растегливи пипци, кои додека лови или додека се бранат достигнуваат три метри, може да ве испрати директно во вечното почивалиште.

На секој од нејзините пици постојат илјадници и илјадници мали жарни клетки нематоцисти, а на површината на секоја од нив се наоѓа еден вид на сензор, кој и при најмал допир со страно ткиво се активира и исфрла смртоносен убод.

loading...

Моќниот отров потоа предизвикува грчење на мускулите, а кај човекот и застој на срцето. Секоја морска оса има во себе доволно отров да убие најмалку 60 луѓе, што е навистина многу за една медуза.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments