Непријатно изненадување: Германец добил сметка за парно од 1,6 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Поради енергетската криза голем дел од потрошувачите очекуваат дека зимава ќе мора длабоко да си копаат во џебот доколку сакаат да ја платат сметката за парно.

Loading...

Со сметка од 1,6 милиони евра на мнозинството сепак би им се „скршило срцето“.

Токму тоа му се случи на еден човек од Нордерштет во Шлезвиг-Холштајн, кој својот гнев поради сметката го покажа во видео објавено на YouTube.

Според „информативното писмо за можните потенцијали за заштеди“ што го добил од градската компанија „Stadtwerke Norderstedt“, човекот треба да плати 1.647.620,33 евра за парно греење за проценета годишна потрошувачка од 9.840.000 киловат часови, пишува Fenix ​​Magazin.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Први 100 дена на британскиот премиер Сунак - штрајкови, скандали и ветувања

„Со само „мала загуба на топлинска удобност“ можел да заштеди околу 590.400 киловат часови енергија или 98.000 евра.

Нему му е јасно дека може да биде само грешка: пожарникарот веќе два месеци има куќа со седум соби и 150 квадратни метри во Нордерштет кај Хамбург.

„Не сакам да го загревам целото маало овде“, вели тој.

Но, тој се прашува зошто воопшто се испраќаат вакви писма.

Loading...

Некои луѓе би ги земале здраво за готово:

„Да го добие ова 90-годишна баба, ќе падне мртва“, огорчено вели човекот.

„Дали некој не ја проверува поштата што ја праќате?“, прашува пожарникарот во своето видео кое трае повеќе од седум минути.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијрото: Брисел мора да ја заврши домашната задача за да обезбеди енергетска безбедност

Неговата реакција на сметката ја погледнале повеќе од 72.000 Јутјубери.

Stadtwerke: Системска грешка предизвика неправилна сметка за греење

Stadtwerke Norderstedt го потврди инцидентот за онлајн медиумите.

„Грешка во системот е виновна за неточната пресметка“, рече портпаролот Оливер Вајс.

Бидејќи човекот штотуку се вселил во куќата, годишната потрошувачка на претходниот станар била искористена како основа за проценка на потрошувачката.

Мерачот за греење за комуналните претпријатија се изразува во мегават часови, додека потрошувачот би добил бројки во киловат часови.

Loading...

Имаше грешка при конверзија во системот што го зголеми вкупниот број за фактор 1000.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.