Неправилното миење на даската за сечење е опасно по здравјето

Сподели со своите пријатели

Ако мислите дека е доволно даската за сечење да ја измиете само со сапун и вода, за да се заштитите од труење со храна, особено во текот на летото, размислете добро.  Експерти, цитирани од Дејли стар и БТА, предупредуваат дека неправилното чистење на кујната може да биде посебно опасно по здравјето.

Според експертите од Expert Home Tips, миењето на даската за сечење само со сапун и вода е недоволно за заштита од хранливите патогени, па дури и водечките брендови на детергенти се немоќни против нив. Ова најмногу важи ако даската била користена за сечење на сурово месо во кое се кријат опасни причинители на труење со храна како што се ешерихија коли и салмонела.

Loading...

Експертите сметаат дека најефикасен начин за уништување на хранливите патогени е таблата да се чисти со смеса подготвена од сода, сол и вода.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.