Непозната болест се шири во Конго пред се меѓу децата, а загрозени се и неухранетите луѓе, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), која испрати свои експерти во регионот да ја испитаат епидемијата.
Во најновиот извештај СЗО објави дека во периодот од 24 октомври до 5 декември се регистрирани 406 случаи на мистериозната болест, а од нејзините последици починале 31 лице, пренесе Ројтерс.
Симптоми на болеста, чија причина не е утврдена, се треска, главоболка, кашлица, течење на носот и болки во телото.
Болеста се појави во областа Панци, во југозападната провинција Куанг Нин.
Сите најтешки случаи се случиле кај лица кои се екстремно неухранети, а инаку најголем дел од болните се деца, особено оние до пет години, соопшти СЗО, пренесува Танјуг.
Како што додава оваа организација на ОН, епидемијата се појавила во рурална, оддалечена област, до која пристапот е уште потежок поради сезоната на дождови.
Утврдувањето на причината за болеста е продолжено поради овие причини, соопшти СЗО, додавајќи дека маларијата е честа појава во областа и може да придонесе за појава на непозната болест.