Непознат човек го „купи“ Гугл за 12 долари

Сподели со своите пријатели

Поранешен вработен во компанијата Гугл, Сенмеј Вед пребарувал попис на фајлови слободни за купување кога налетал на познатиот домен google.com. Одлучил да ја даде својата понуда, убеден дека неговиот обид автоматски ќе биде спречен.

Loading...

Во својата објава на социјалните мрежи напишал дека доменот го купил за само 12 долари.

Веднаш потоа му биле ангажирани и т.н. webmaster алатки, па зпаочнал да добива огромен број приватни и доверливи информации кои би требало да бидат познати исклучиво на администраторите вработени во компанијата Гугл.

– Беше јасно се, ми доделија сопственост. Порачката и купувањето беа успешни. Најстрашно беше што имав пристап до целокупната администрација на Гугл цела минута. Сега барем можам да кажам дека сум човек кој на минутка бил сопственик на Гугл – напишал Сенмеј.

Но, само минутка подоцна во компанијата сфатиле што се случило и ја откажале трансакцијата преку пат на Гугл Домејн, кој и онака е во нивна сопственост, па така Гугл никогаш и нема да може да го изгуби доменот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.