НЕОБИЧЕН ФЕНОИМЕН: Светлосни „столбови“ над небото во Русија (ФОТО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Жителите на рускиот град Санкт Петербург имале можност да уживаат во неверојатно светлосно шоу кое им го приредила природата. Имено небото било прекриено со столбови од светло поради што градот наликувал на зимско чудо.

Ширум градот по небото имало жолти, црвени, сини и зелени бои поради што жителите помислиле дека се работи за поларна светлина. Меѓутоа, се сипоставило дека се работи за сосема поинаков феномен познат како светлосни столбови.

https://instagram.com/p/Bfi_Wu7nLex/?utm_source=ig_embed

Овој редок визуелен природен феномен се создава така што светлото се рефлектира од ледените кристали во воздухот. Светлото може да доаѓа од Сонцето, во кој случај појавата се нарекува сончев столб или соларен столб. Некогаш изворот на светлината може да е и Месечина, како и вештачки светла, како уличното осветлување.

https://www.instagram.com/p/BflH2X9HN8j/?utm_source=ig_embed

Оптичката илузија од одредени агли столбовите ги прикажува како цврсти предмети.

Leave a Reply