Ненамерен полигамен брак ги оставил судиите без зборови

Сподели со своите пријатели

Случај на жена која го присилила сопругот да се ожени се нејзината пријателка затоа што мислела дека умира од рак, пред да дознае дека дијагнозата е погрешна, го сврте наопаку иранскиот семеен закон.

Откако добила дијагноза дека има терминална болест. Махтаб, 35-годишна мајка на две деца, рекла на сопругот да се ожени со нејзинат анајдобра пријателка пред таа да почине.

Новата сопруга бргу останала трудна.

Тогаш се испоставило дека дијагнозата на Махтаб е погрешна.

ПОЛИТИЧАР ПРИЗНАВА: Имам 120 жени и 28 деца и сите знаат едни за други (видео)

Loading...

Сега Махтаб сака семејниот суд да го присили сопругот Мухамед да се разведе од новата жена, но Мухамед дава отпор.

Матхаб тврди дека сакала најдобро за своето семејство, но сега, во светло на потрешната дијагноза „заменската“ сопруга мора да оди.

Со ваков случај иранските адвокати се уште се немаат сретнато.

Мухамед тврди дека тој и пријателката на Махтаб биле против нејзината сугестија, но дека таа ги прислила инсистирајќи да и ја исполнат последната желба.

Овој Индиец има 39 жени и 94 деца и сака уште да го шири семејството (видео)

Иако првобитно не сакал друга жена, Мухамед вели дека сега не може трудницата да ја исфрли на улица. Прифаќа да живее со двете жени и да се грижи за нив. Тоа е можно според исламскиот семеен закон во Иран, но Махтоб не прифаќа.

Судијата Бехрус Мохадшери, кој го води случајот, вели дека и покрај децениското искуство на семејниот сд ова е целосно нова територија. Затоа си земал дополнително време за размислување и носење на правична одлука.

Leave a Reply