28.08.2017 13:10

НЕМА ПОВЕЌЕ ПЛАСТИКА: Во оваа земја може да лежите затвор поради кеса


Во Кенија денеска стапи на сила забраната за користење на пластични кеси, а оние кои ќе ја прекршат наредбата се под закана за максимална казна од 38.000 долари или четири години затвор.

Забраната се однесува на користење, производство и увоз на пластични кеси, а минималната казна изнесува 19.000 долари или до година дена затвор, соопштува Владата на Кенија.

Од забраната сепак се имуни оние кои ги произведуваат кесите во индустриски цели.

Тенките пластични кеси се расфрлани насека по престолнината на Кенија, Најроби и ја преплавуваат депонијата, поради што тамошните власти најавиле нови мерки, затоа што кесите, како што е соопштено, штетат на околината, ја блокираат канализацијата и не можат да се разградуваат.

Камерун, Гвинеја Бисао, мали, Танзанија, Уганда, Етиопија, Мавританија и Маливи се меѓу африканските земји кои вовеле или најавиле воведување на таква забрана.

Само супермаркетите во Кенија дистрибуираат околу 100 милиони пластични кеси секоја година, според податоците на програмата на ООН за заштита на жвотната средина. Осум милиони тони пластика, меѓу кои се и кесите, годишно завршуваат во океаните.

Доколку тоа продолжи во океаните до 2050 година ќе има повеќе пластиката од риби, предупредува UNEP.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments